Black Friday! Современ центар за убавина! До 54% попуст на третман за убавина по избор во AFRODITA S

Добивате
Опции на понудата:
Ароматерапија на тело (времетраење:1 час) |
|
Релакс масажа (времетраење:1 час) |
|
Микродермоабразија |
|
Микродермоабразија + Greenpeel маска |
|
Шишање + фенирање |
|
Ароматерапија + маска |
|
Окси систем третман со кислород |
|
Радиофрекфенција на лице |
|
ЕМС Тесла (времетраење: 30 мин) |
|
Радиофрекфенција на тело |
|
Кавитација (времетраење: 30 мин.) |
|
Липоласер |
|
Криолиполиза |
|
Шеќерна депилација (топла) на нозе + интима |
|
*Повеќе за третманите прочитајте во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 11.10.2023 до 15.12.2023
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Купонот може да го искористите во еден од 2та центри за убавина на Афродита С.
- Задолжителна е претходна резервација
- Понудата за фенирање и мадеротерапија важи за жени, сите други услуги и за мажи и за жени
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени
Опис
Релакс масажа
Професионалниот тим во прекрасниот амбиент со специјална музика и миризливи свеќи ќе ви овозможи комплетна едночасовна релаксација и опуштање. Масажата има двојно дејство: механичко и рефлексно. Механичкото делува на површинскиот слој на кожата, прави чистење на изумрените клетки, загревање и отварање на порите и со тоа се овозможува подобра секреција, транспарентност на кожата како и подобра пенетрација на препаратот со кој се врши масажата. Со механичката дразба се подобрува протокот на венскиот и лимфниот систем. На крај од масажата добиваме козметичко освежување на кожата, поубава боја, еластичност и измазнување на брчките како и намалување на болка. Со масажата циркулацијата се подобрува за осум пати.
Микродермоабразија (со/без Greenpeel маска)
Микродермоабразијата е неинвазивен третман при кој контролирано се отстрануваат изумрените клетки од површината на кожата на епидермисот. Целта е да се отстрани старата кожа со сите несовршености како и несакани појави и промени кои настанале во процесот на стареење. Ексфолијацијата се прави со помош на кристали (алуминиум оксиди). Третманот поттикнува микроциркулација бидејќи работи на принцип на вакум со микро кристали. Се стимулира раѓање на нови клетки и обновување на кожата. Се постигнува голем ефект во ремоделирање на кожата. По третманот ќе се зголеми апсорцијата на кожата за нанесувањето на ампулата и маските кои се составен дел од третманот. Третманот се прави во период од месец октомври до април, кога сонцето е помалку присутно. Со овој апарат можат да се третираат сите делови на кожата: лицето, градите и секаде кај што е потребно. Со третманот се постигнуваат успешни резултати во:
- ремоделирање на кожата (подмладување)
- атрофирана и остарена кожа без еластичност
- бори-површни и подлабоки
- кожа оштетена од сонце (пигментации)
- старачки пеги и флеки
- хиперкератози на тело (задебелување на кожата)
- сите врсти на лузни на лицето и телото
- лузни како последица на акни
- стрии
- проширени пори
- масна кожа
Окси третман за лице (со кислород)
Окси систем е технолошки најнапреден систем за дермоинфузија на кожата со 98% кислород. Третман за оксигенизација и регенерација на кожата на лицето и телото. Кислородот е неопходен за здравјето на кожата . Тој е еден вид на гориво за развој на сите клетки во нашиот организам. Колку повеќе го има во клетките, тие се поактивни. Овозможува клеточен метаболизам. Снабдувањето на кожата со кислород е основен услов за настанувње на нови клетки на кожата. Тој ја стимулира синтезата на колаген и еластин , влијае во снабдување на хидратација, го подобрува имунитетот, ја јакне заштитата на кожата, го поттикнува исфрлањето на токсините и го подобрува дишењето на кожата. Во 30-те години од животот оксигенизацијата на кожата се намалува за 25% , додека во 50-те дури до 50%. Како резултат на сето тоа кожата манифестира несакани состојби .
Доколку имате: дехидрирана, уморна кожа , подочници, неизедначен тен, пигментации, намален праг на чуствителност, слаб тонус, се подлабоки и изразени црти и брчки Вие сте вистинскиот кандидат за овој третман со кислород.
Радиофрекфенција на лице и врат (и подбрадок)
Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. Затоплувањето предизвикува веднаш ефект на зацврстување каде колагенските влакна на кожата во третираната област се намалуваат. За тоа, фибробластите се стимулираат да произведуваат нов колаген.
Области на примена:
- Зацврстување на кожа
- Измазнување на мали линии/ брчки на лице, врат, деколте, горна и долна усна
- Третман на лакримални вреќи
- Зацврстување на долниот очен капак
- Двојната брада
- Контури на лице (на пример, виснати образи)
- Тело: абдоминален ѕид, надлактица, локални депоа на масти (на пример. колковите, долниот дел на абдомен, бутовите, целулитот).
Кавитација
Или ултразвучна кавитација - липосукција без операција. Брзиот развој во медицината и козметологијата придонесоа да се создаде овој производ чии резултати се незамисливи. Нехируршка липосукција е моќна алатка која гарантира резултати на безбеден, ефективен и траен начин.Ефектите се трајни и видливи уште при првиот третман. Овој фантастичен апарат трајно ги разградува мастите. Делува на: намалување на локализирани масни наслаги, целулитот и преголемата телесна тежина. Потребни се 4-6 третмани, а просечното губење во обем е од 6-10 см.
Радиофрекфенција на тело
Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. На периферијата на кожата се создава температура од 40 степени, додека во поткожното ниво температурата е до 60 степени. Нејзиното дејство е такво што ги користи ниските бранови од радиофренквенцијата од 3 КHz (килохерци) – 300 MHz (мегахерци), кои со ниска фреквенција овозможуваат одлични резултати.
Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна. Притоа се создава мазна и здрава кожа, која изгледа помладо. Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен за работа. Потребни се од 5 до 8 третмани за максимални резултати.
Липоласер
Липо ласерот е најнов метод на слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди со 76 ласерски ладни црвени зраци, истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на ласерската енергија која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит. Ласерската терапија со ниско ниво на кохерентна ласерска светлина продира во кожата и придонесува за разложување на мастите кои потоа организмот ги исфрла по пат на липолиза. Со овој третман ефикасно се отстранува вишокот на масти без негативни и несакани ефекти. Со помош на истиот се ослободува мобилната содржина на масти од клетките.
Криолиполиза
Криолиполизата е најсовремена и високо ефективна метода за трајно отстранување на депонирани масни наслаги. Криолиполизата е неинвазивен и безбеден метод без несакани ефекти. Постапката е безболна и сосем безбедена. Третманот е еден од најефикасните методи за елиминирање на масти дури до 25% за само еден третман. Резултатите се мазна и затегната кожа. Криолиполизата не ги отстранува телесните течности кои му се потребни на организмот, туку единствено вишокот на масти во пределот на стомакот, половината, грбот и бутините.
Шеќерна депилација
Природен, безбеден и ефективен третман за отсранување на несаканите влакна. 100% природно, 100% хигиенски, без поткожни влакна , без иритации и црвенила. Професионална Шеќерна депилација е безбедена, нежна и ефективна солуција за одстранување на влакна кај жени, мажи и деца. Напредната техника на Шеќерна депилација нуди многубројни неспоредливи и различни предности. Најбитната предност е многу фундаментална: со напредната техника и Шеќерната паста влакната се вадат во нивна природна насока на растење и тоа додека влакната сеуште се во раната фаза на растење со што се елиминира кинење, непотребна неудобност, иритација и појава на подраснати влакна, а во исто време одстранувајки ги мртвите клетки на кожата. Резултат: мазна прекрасна кожа, без неугодности кои ги предизвикуваат другите техники за одстранување на влакна
За компанијата
Центароот за убавина Афродита -С, успешно работи веке 25 години, а убавината е наша движечка сила и мотивација. Се наога на две локации во Скопје и брои 25 вработени. Оваа бројка постојано се менува и расте како и бројот на Нашите клиенти и услуги.
Тимот на „Aфродита-С“, секогаш ги почитува принципите на деловност и етика, врши континуирана едукација, ги следи најновите научни достигнувања. Се потрудивме овој центар за убавина, да ги задоволи стандардите на најдобрите салони во светските метрополи. Идејата ни беше да создадеме рај за Вашите сетила. Во центар за убавина, во малку поинтимна и луксузна атмосфера од досегашната, може да се ужива во сите услуги кои досега ги нудеше „Афродита-С“ надополнувајќи ги со уште неколку нови.
Во салоните на Афродита-С, може да се уживаат сите услуги:
- Козметика на лице од класични до најсовремени третмани.
- Козметика на тело: нега, масажи, депилации, слабеење, затегнување, и обликување на најсовремени професионални апарати
- Лифтинг на лице, врат, раце и тело
- Трајно остранување на влакна
- Трајна шминка на очи, уста и веѓи со најнова метода на сенчање.
- Јапонско исцртување на веѓи - микроблеидинг
- Дневна и свечена шминка
- Трајна депилација
- Солариум - МегаСан
- Нега на нокти и стапала
- Сецијални велнес масажи
- Најнова метода на наливни и продолжени нокти со дипинг метода.
- Хијалурон пен/ Дерма пен/ Плазма пен / Микронидлинг / Фибробласт / ФиЈон / Јонска Плазма
* Центар за убавина „Афродита-С“ - Аеродром Бул. Јане Сандански 113-а Тел. 02/2448-014 и 2448-015
* Центар за убавина „Афродита-С“ - Водно ул. „Салвадоре Аљенде“ 79-1/11 Тел.02/3122-888 и 3122-889
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.