Остани здрав! 53% попуст на компјутерска анализа и скенирање на стапало + стручен совет и консултација со подологист од ПЗУ Оскар Лек во вредност од 850 ден. по цена од 400 ден.

Добивате
- Компјутерска анализа и скенирање на стапало
- Стручен совет и консултација со подологист
* ПЗУ Оскар Лек во согласност со моменталните препораки, работи до 18 часот.
Услови
- Купонот може да се искористи од 01.08.2020 до 30.06.2023
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна претходна резервација
Опис
ПЗУ ОСКАР ЛЕК – Подологија – Хироподија постои веќе 17 години и на своите пациенти им нуди 3D комјутерска анализа на стапалата и изработка на индивидуално дизајнирани ортопедски влошки. Само овде можете да ја најдете комплетната програма на Gehwol медицинската козметика за нега на нозете и стапалата.
Стапалото е најсложениот систем на коски, зглобови и мускули во нашето тело. Тоа ја дава потпората на целото тело и учествува во распределбата на динамичките сили настанати во процесот на одење, како и на статичките во процесот на стоење. Благодарение на својата специфична градба и анатомија, во нормални услови, стапалото може да се спротивстави на многубројните секојдневни оптеретувања.
Стабилноста на стапалата ја овозможуваат три потпорни точки, една на петата и две на предниот дел од стапалото – под палецот и под малиот прст. Тие три потпорни точки заедно со коските, мускулите и лигаментите ги формираат надолжните и напречните сводови на стапалата. Сводовите со својата сила и контракција ги одржуваат и подржуваат мускулите на стапалата и подколениците. Во нормални услови, кога силите на оптоварување на стапалата и силата на мускулатурата се урамнотежени, обликот на стапалото не се менува и не се јавуваат тегоби.
Кај децата во текот на растот, честопати поради нарушување на таа рамнотежа доаѓа до спуштање на сводовите на стапалата, пред се на надолжните или народски кажано, доаѓа до спуштено или ДУСТАБАН стапало.
Кај возрасните пак, поради несоодветните обувки, професијата или неправилниот начин на живот, најчесто доаѓа до спуштање на напречните сводови. Појавата на болка во предниот дел на табаните, наречена МЕТАТАРЗАЛГИЈА, е еден од најчестите симптоми на спуштен преден напречен свод. Во почетокот се јавува болка, а подоцна отоци и болни задебелувања на кожата на табаните на предниот дел од стапалото.
Како да се лекуваат, односно како да се спречи појавата на тегоби?
Прв чекор кон соодветен третман е правилен подолошки преглед и правилно поставена дијагноза. Понатаму, се изработуваат соодветни ортопедски влошки коишто кај децата вршат корекција, а кај возрасните ги олеснуваат тегобите до нивно исчезнување. Посебен осврт се дава на спортистите, чиишто стапала трпат постојан напор и затоа, во зависност од спортот, се изработуваат и специјални спортски ортопедски влошки.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.