40% попуст на испитување за oткривање на причинители за вирусен гастроентеритис преку високо сензитивната молекуларна анализа за Roto/Noro/Astro вируси во GM Laboratorija во вредност од 4000 ден. по цена од 2400 ден.
Добивате
Испитување за oткривање на причинители за вирусен гастроентеритис преку високо сензитивната молекуларна анализа за Roto/Noro/Astro вируси
*Подетално за испитувањето може да прочитате во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 16.05.2023 до 31.12.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
Опис
Акутната интестинална инфекција (А.И.И.) е една од најчестите причинители за хоспитализација на пациенти во оделите за инфективна терапија. Тие предизвикуваат вирусен гастроентеритис и најчестите вируси кои ги предизвикуваат овие хоспитализации се вирусите од групите на Ротавируси, Норовируси и Астровируси. Најризични групи се децата и возрасните со загрозен имунитет. Најчести симптоми вклучуваат дијареа, повракање, дехидратација, зголемена телесна температура, губиток на апетит, болки во стомакот и главата, и во некои случаи конјуктивитис и болка во грлото.
Вирусите се високо заразливи и можат да бидат пренесени преку конзумирање нечиста вода, недоволна хигиена на раце, контаминирана храна или површини. Овој тест е потребен за правилна дијагноза и терапија со цел да се потврди или исклучи вирусен причинител на болеста бидејќи гастроентирититсот е можно да биде и од бактериска природа.
ПРИМЕРОК: фецес или венска крв
За компанијата
Генетско-молекуларната лабораторија „ГМ Лаб”, лоцирана на ул. Прашка бр. 11, во Скопје. Функцијата на „ГМ Лаб” е испитување на генетската условеност на многу болести од секоја област во медицината: кардиологија, педијатрија гинекологија, онкологија, дерматологија, инфектологија и други. Целта е да се превенираат, порано откриваат и истите соодветно лекуваат со целна (таргет) терапија.
Утврдувањето на генетските варијации помага за излекувањето на многу пациенти, но и за детекција на тие пореметувања во нивните семејства затоа што генските мутации се наследуваат. Врз генетските испитувања се темели целата модерна медицина и фармација и со тоа се поместуваат границите од лекување на болести кон заштита и превенирање за појава на истите
Во ГМ Лаб како прва специјализирана генетска лабораторија, анализите се прават со современи методи и најнова опрема. Поседувањето специјалистичко знаење и лиценцирана апаратура овозможува генетски испитувања за најчестите заболувања од сите медицински полиња. Анализите што се прават во лабораторијата се однесуваат на разни вируси, започнувајќи од Ковид 19, цревни вируси и редица други патогени вируси. Се користи еден од најсовремените методи за откривање на генетски пореметувања за превенција на фамилијарна појава на рак на дојка, јајници, простата, за превенција и рано откривање на малигноми на дебело црево, панкреас, како и за меланомот, карцином на црн дроб, жолчни патишта, мозочен карцином и карцином на штитната жлезда и на белите дробови.
Испитувањата за интолеранција на храна, за причините за лошата функција на одредени органи, предиспозиции за стареење на кожата, склоност кон атеросклероза и генски пореметувања одговорни за дебелина, шеќерна болест, болести на срцето како најчесто бараните испитувања и возможни кај нас во ГМ Лаб.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.