Дестинација Македонија! Незаборавно искуство (Септември-Октомври)! 36% попуст на нуркање во Градиште + подводни фотографии и видео + пијалок + сертификат од Diving Center Amfora во вредност од 4650 ден. по цена од 2999 ден.

img

Цена

2999 ден.

Вредност

4650 ден.

Попуст

36%

Заштеда

1651 ден.

Преостанато време

Купени: 17

  • Праисториско наколно живеалиште - Музеј на вода, North Macedonia

    Одведи ме таму

    071 359 810

    [email protected]

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Вовед во основите на нуркањето
  • Нуркање на подводен археолошки локалитет  
  • Неограничен број подводни фотографии/видео
  • Освежувачки пијалоци/кафе
  • Сертификат


* Вкупно времетраење на екскурзијата е 1 час и 30 минути
* Нуркањето се одвива во постојано присуство на инструктор
* Не се потребни посебни пливачки вештини
* Може да се користи сопствена камера
* Посебна опрема за деца од 8-14 години
* Со купени 2 ваучери добивате 15% попуст на курсот Open Water Diver

Услови

  • Купонот може да се искористи од 22.05.2023 до 31.10.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Минимална возраст: 8 години
  • Да се избегнува консумирање алкохол пред нуркање
  • Видео материјалите и сликите се добиваат преку WeTransfer.com
  • Задолжителна е претходна резервација со цел да се договорите за сите детали околу нуркањето
  • Задолжително носење на маски
  • Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

- TRY SCUBA DIVING е програма наменета за почетници со која на брз и лесен начин ќе се запознаете со основите на нуркањето кое се одвива на подводниот археолошки локалитет кај Музејот на Вода. Локацијата е исполнета со интересни артефакти од праисторијата  во форма на кремени ножиња, остатоци од керамика, рибни алати, камени секири  со старост од околу 6000 години. Кандидатите се во постојано присуство на професионални инструктори кои се грижат за нивната удобност и безбедност. Нуркачката авантура е збогатена со подводни фотографии и видео материјал кои им се даваат на кандидатите заедно со нуркачки сертификат/диплома од АМФОРА.

За компанијата

За АМФОРА
Нуркачкиот Центар Амфора е формиран во 2004 година и претставува единствена лиценцирана меѓународна школа за нуркање во Република Македонија која е овластена да врши сертификација до највисоко ниво во светски рамки. Центарот работи по интернационални стандарди на Scuba Schools International и во текот на работењето има издадено над 975 сертификати од најразлични категории како и повеќе од 5000 кандидати за почетни екскурзии. Центарот располага со над 50 комплети најсовремена нуркачка опрема, чамци, компресори, специјализирани опреми за подводна работа.

Школа за нуркање
Во текот на сезоната вршиме обука за сите почетнички и професионални категории. Најбројни се курсеви за Open Water Diver на кои кандидатите можат да се обучат за рекреативни нуркачи и да се стекнат со меѓународно признат сертификат кој важи во сите земји во светот. Курсевите се одвиваат во оптимални услови и се состојат од теоретски предавања, практична апликација на вежби во заштитени води и нуркања во отворени води.

Активности
Покрај обуките и екскурзиите, изведуваме и археолошки истражувања, вклучени сме во обука на спасувачи на вода од Црвен Крст, сме организирале и реализирале над 20 еколошки акции за чистење на дното од цврст отпад и рибарски мрежи/алати, постојани проекти за заштита на охридската пастрмка, тркалезниот сунѓер и слатководен рак. Имаме реализирано изложби на повдодна фотографија, документарни филмови “Подводниот свет во Охридското Езеро” и “Танцот со пастрмките”. Секоја година организираме нуркачки екскурзии во различни земји каде има многу дружење и размена на искуства. Изведуваме мисии за пребарување и спасување на изгубени субјекти, нуркања во екстремни услови, подводни работи на брани и цевководи.

Систем за менаџмент на ризик и стандардни оперативни процедури
Како дел од потребите на интернационалните агенции и тур оператори, центарот има изработено и систем за менаџмент на ризик каде се предвидени сите ризици како и стандардни оперативни процедури  за истите кои го доведуваат ризикот од потенцијални повреди на минимум.

Меѓународни лиценци и осигурување
Нуркачкиот центар и целиот персонал е лиценциран и осигуран во светски признати меѓународни организации. Инструкторите и водичите се обучени за користење комплет за прва помош и реанимација. Во нашиот тим имаме и доктор за хипербарична и подводна медицина кој е достапен во секое време. Како дополнителна безбедносна рамка, во седиштето на центарот е лоцирана и хипербарична комора.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.