Целосна регенерација! До 43% попуст на светлосна терапија - Cell Booster Photon (Light Energy), сауна HARVYA со ултра инфрацрвено загревање или термален кревет со жад камења во Центар за рехабилитација и масажа Синај

img

Цена од

229 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

390 ден.

Попуст

41%

Заштеда

161 ден.

Преостанато време

Купени: 2

  • 50-та Дивизија 34-1, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    071 348 182

    [email protected]

Добивате

Опции на понудата:

Светлосна терапија; Cell Booster Photon – Light Energy 990 ден. 590 ден.
Сауна HARVYA со ултра инфрацрвено загревање (за две лица) 700 ден. 399 ден.
Термален кревет со жад камења 390 ден. 229 ден.

*Повеќе за третманите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 24.05.2022 до 20.12.2022
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација во компанијата
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Светлосна терапија; Cell Booster Photon – Light Energy 

Капсула со модерен изглед која за кратко време ослободува голема енергија и ги загрева ткивата на кожата.  Овој зајакнувач на клетки користи длабокоспектарни зраци на светлина и дејствува на клеточно ниво. Се одликува со голема продорна моќ, која го надминува нивото на епидермисот и ги активира клетките подобрувајќи ја циркулацијата на крвта, со цел да го засили метаболизмот, да ги лекува оштетените клетки и да ја подобри регенерацијата на кожата.

Дел од позитивните ефекти на оваа капсула вклучуваат:

  • клеточна стимулација;
  • микро и макро циркулација на крвта;
  • ослободување од стрес и напнатост;
  • забрзување на метаболизмот;
  • брза регенерација;
  • исфрлање на изумрените клетки од организмот;
  • зголемен имунитет, регенерација на клетките и подмладување на кожата.

Сауна HARVYA со ултра инфрацрвено загревање ( за две лица) 

Ако високите температури на традиционалната сауна не ви годат инфрацрвената сауна е алтернативен избор кој ги нуди бенефитите на традиционалната сауна без екстремната топлина. Ваквата сауна користи инфрацрвени панели наместо традиционална топлина со кои директно се загрева телото. Дополнително, сауната има камења со хималајска сол, со што позитивно се влијае врз респираторниот систем. На ваков начин се стимулира намалување на воспаленијата и борба против инфекциите и е особено погодна за луѓе кои се борат со астма, алергии, бронхитис и настинки.

Листата на позитивни ефекти од користењето на сауна опфаќа:
• Ослободување од стрес
• Детоксикација
• Релаксирање на мускулите
• Намалување на болките во мускулите и зглобовите
• Позитивни ефекти врз кожата
• Подобрено спиење
• Подобрени кардиоваскуларни перфоманси
• Ефект на слабеење, поттикнува согорување калории
• Зајакнат имунитет и заштита од болести

Термален кревет со жад камења

Термалниот кревет за масажа користи инфрацрвени зраци и природни камења од жад при што преку масажата и топлотната терапија дејствува моќно врз ‘рбетниот столб и пршлените. На ваков начин помага при елиминирање на искривувањата кај ‘рбетниот столб кои се честа појава во денешно време. Дополнително, третманите на термалниот кревет со камења од жад се користат и при спондилози, болки во телото и мускулите, главоболки и слаба циркулација, умор и стрес.

Позитивните ефекти од масажата на овој кревет вклучуваат:

  • корекција на ‘рбетот
  • деблокада на ‘рбетните пршлени
  • подобрување на функцијата на нервниот систем
  • подобрена лимфна и крвна циркулација
  • ослободување од стрес, умор и напнатост

За компанијата

Во време на динамично секојдневие, многубројни обврски и активности, масажите помагаат во управување со стресот, релаксација и одржување на природен баланс во телото, на тој начин спречувајќи многу несакани последици од стресот врз здравјето на човекот.

Здравствените придобивки на масажата се бројни. Ослободување од анксиозност, стрес и болки, подобрување на крвната циркулација, подобрување на здравјето на кожата, поттикнување на имунитетот, подобрено спиење, подобрено ментално здравје се само дел од нив.

Центарот за рехабилитација и масажа Синај ви овозможува врвна услуга, професионалност и квалитет, нудејќи широк спектар на масажи и третмани за рехабилитација на вашето тело. На ваков начин се постигнуваат бројни позитивни ефекти врз мускулите, коските, нервниот систем, како и благосостојба на целото тело.

Ненад Димитриевски е дипломиран физиотерапевт со широки познавања во областа на физиотерапијата и со долгогодишно искуство и соодветна едуцираност за различните третмани за рехабилитација на телото и техники на масажа.

Континуирана грижа за вашето тело и дух е неопходна за добро здравје. Дозволете ни да бидеме дел од таа грижа овозможувајќи ви релаксација и поттикнувајќи регенерација и обнова на вашето тело.

Ве очекуваме!

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.