Релаксиран престој на Пелистер (Април)! До 20% попуст на ноќевање со појадок во сместување по избор во Хотел Молика 3*

img

Цена од

1215 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

1430 ден.

Попуст

15%

Заштеда

215 ден.

Купени: 247

Добивате

Понудата е по лице и вклучува ноќевање со појадок по избор

Опции на понудата:

BB ноќевање во двокреветна соба (Јануари-Февруари) 1,430 ден. (23 еур)
1,215 ден. (20 еур)
BB ноќевање во еднокреветна соба (Јануари-Февруари) 1,730 ден. (28 еур)
1,384 ден. (22 еур)
BB ноќевање во двокреветна соба (Март-Април) 1,300 ден. (21 еур)
1,105 ден. (18 еур)
BB ноќевање во еднокреветна соба (Март-Април) 1,550 ден. (25 еур)
1,240 ден. (20 еур)

Понудата не важи за следниве термини:

  • 30.12.2022 -08.01.2023 година
  • 13.01.2023 - 15.01.2023 година
  • 19.01.2023 - 22.01.2023 година
  • 27.04.2023 - 30.04.2023 година

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.12.2022 до 30.04.2023
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот.
  • По купување на купонот потребно е да го испратите на меил до хотелот за да ја потврдите резервацијата.
  • Во цената е вклучена дневна туристичка такса од 40 денари и ДДВ од 5% и осигурување
  • За деца до 12 години не се пресметува туристичка такса
  • Ппнудените цени и услови не се однесуваат за групни резервации!
  • Хотелот располага со сопствен и бесплатен паркинг.
  • Превозот не е вклучен во понудата

Доплати:

  • За деца до 4.99 години кои не користат услуги за сместување и храна престојуваат бесплатно 
  • За деца од 5 до 12 години кои користат ресторански услуги и услуги за сместување имаат попуст од 30% на редовната цена.
  • За деца од 5 до 12 години кои користат само ресторански услуги добиваат попуст од 30% на редовната цена 
  • За деца од 5 до 12 години кои користат помошни услуги за сместување добиваат попуст од 70% на редовната цена 
  • Сите доплати се прават директно во хотелот

Опис

Outdoor активности за забава и разонода, кратки прошетки по околните патеки во времетрање од 30 до 40 минути. Патеките се добро обележани и дефинирани за олесување на посетителите.  Би ги издвоите патеката до планинарскиот дом Копанки и Историската патека од Првата светска војна. Гостите прошетките може да ги реализираат и на повисоките планински дестинации како: Јоргов Камен, Палиснопје, Извидница и сл. 

За компанијата

Outdoor активности за забава и разонода, кратки прошетки по околните патеки во времетрање од 30 до 40 минути. Патеките се добро обележани и дефинирани за олесување на посетителите.  Би ги издвоите патеката до планинарскиот дом Копанки и Историската патека од Првата светска војна. Гостите прошетките може да ги реализираат и на повисоките планински дестинации како: Јоргов Камен, Палиснопје, Извидница и сл. 

Хотел Молика

Хотел "Молика" претставува бисер на Пелистер. Едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот.
Хотелот работи со "полна пареа" преку цела година и за него не важат "класичните" сезони.

Хотел "Молика" се наоѓа во југозападниот дел од Република Македонија. Лоциран е во просторот на Националниот Парк "Пелистер" на локалитетот "Бегова Чешма" на надморска височина од 1420 метри, сместен во раскошот на прекрасна моликова шума.

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Пелистер

Националниот парк Пелистер се наоѓа помеѓу Преспанската котлина и котлината Пелагонија. Тој е прв прогласен национален парк на територијата на Македонија, во 1947 година. Се простира на 10400 хектари и опфаќа дел од планината Баба, со највисокиот врв Пелистер (2601 метри). Најзаслужен за добивањето на стаутост Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планина на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години. Во пролет и лето, ливадите се накитени со разнобојните цветови на: пелистерската небесна роса, пазикуќата и пелистерската качунка. Глетката ќе ви ја збогати и летот на дневните пеперутки Scythris crupta и Scyrthris similis кои живеат само на Пелистер. Тука се среќава и ноќната пеперутка Hadena clara macedonica која ја има само во Македонија. Ако ја сакате археологијата, најдете време да ги посетите населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот. Следејќи ја долгата магистрала на познатиот пат од Римско време - Виа Игнација, која поминува низ Пелистер ќе имате и вие можност да чекорите по патот по кој поминувале Апостол Павле, македонската фаланга, римските легии и византиските цареви.

Пелистерскиот масив е испресечен со поголем број на живописни планински реки низ кои течат бистри и ладни води. Сите ја сочинуваат нивната исконска дивина во декорот на планинскиот пејсаж. Тие се украс на планината и го облагородуваат пејсажот низ кого протечуваат.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.